Она што е најстрашно што денес на не цели 3 месеци до изборите, наместо да разговараме на седница да се пополни слободното место во ДИК за да имаме фер и демократски избори, за да имаме избори на кои нема да се фрли дамка, повторно имаме циркус и од кога ако не, од техничкиот премиер. Го гледавме со годи како прави циркус како претседател на Собранието, сега циркузот го продолжува и во влада, вели Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутира за именување на двајцата министри за здравство и информатичко општество.
Јанушев потсети дека согласно законот за влада односно член 43 оваа влада е преодна за организирање на фер и демократски избори.
Член 43 од законот за влада 100 дена пред одржување на избори на пратеници, а по претходна оставка од претседателот на владата, собранието избира нова преодна влада за спроведување на избори за пратеници. Толку. Значи оваа влада која постои сега која ја предводи техничкиот премиер, е со една и единствена цел а тоа е да се спроведат изборите на фер и демократски начин, рече тој и додаде дека не му е јасно како предлогот за министер за здравство ќе влијае за одржување на фер избори преку министерството за здравство.
Како Демири, инфектолог по професија и секоја чест за неговото професионална биографија ќе придонесе преку министерството за здравство да се спроведат фер и демократски избори, требаше да ни одговори техничкиот премиер кој денеска не говорница не гукна. Можевте барем да ни одговорите на чиј предлог е, го предлага СДС, ДУИ или пак некој од крилата. Како дојдовте до овој предлог, некој ви го јави по телефон, можевте да излезете и да кажете.Јанушев истакна дека предлогот за министер за информатичко општество и администрација има најголемо работно искуство како советник за маркетинг.
Или она што е поинтересно како Бајрами кој што е дипломиран политиколог со најголем дел од своето работно искуство како советник за маркетинг ќе помогне во тоа да се спроведат фер и демократски избори во соодветно министерство. На ова прашање мислам дека одговор нема никој а најмалку техничкиот премиер, објасни Јанушев.
Јанушев им порача дека на изборите ќе ги збришат за целиот хаос и лагите со патните исправи, здравството, образованието, лагите за наводна изградба на 1300 километри патишта.
Ќе ве збришеме за хаос што го направивте со лични карти и пасошите. Ќе ве збришеме затоа што лажевте за двојното убиство, затоа што напаѓавте медиуми и новинари, затоа што не набавувате лекови и лажевте за изградбата на Клиничкиот центар, затоа што молчевте и лажевте за губењето на податоците од фондот, затоа што не исплаќавте пари на лекарите и им се заканувавте на специјализантите дека ќе им ги прекинувате договорите, затоа што лажевте дека сте изградиле 1300 километри патишта, ќе ве збришеме за хаосот во образованието и немањето на книги за децата, за хаосот во министерството за култура, и за целокупниот хаос кој што го оставивте во државата, изјави тој.
Јанушев и порача на власта дека после изборите дел од нив ќе останат запаметени како најнеспособни, дел ќе бидат заборавени, а голем дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавствата.
Крајот не ви е блиску, туку крајот ви е дојден и само ќе ве потсетам што точно ви кажав пред точно 1 година. Дел од вас колеги ќе останете запаметени како најнеспособните, добар дел ќе бидете заборавени, а да дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавствата кои што ги правевте, нагласи Јанушев.
На крај Јанушев кажа дека бидејќи ЈО не реагира, ВМРО-ДПМНЕ следните денови ќе поднесе соодветна пријава до Спасовски кои изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци за кои знаел дека нивната важност е до 12 февруари.Бидејќи ЈО не постапува во текот на следните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветни пријави за тој што во изминатите 5 години, а нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност долга од 12февруари, иако знаел дека важноста на истите е до овој датум, заклучи Јанушев.