Денес во кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев се одржа десеттата седница на совет на Центар за развој на вардарски плански регион, со една и единствена точка за донесување на одлука – ,,Изнаоѓање на модел за управување и финансирање на регионален центар”. На истиот присуствуваа директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион и градоначалниците од деветте општини во Вардарскиот регион.
Од страна на градоначалниците едногласно беше донесена одлука за финансирање и утврдување на модел за функционирање на стационарот кој ќе биде финансиран регионално од сите општини и во вредност од 10.216.875 денари.
Изградбата е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада и истата се очекува да започне на пролет, а со него ќе управува јавно претпријатие.
Ова е прв регионален центар на ниво на Република Македонија кој ќе означи почеток на згрижување на миленици што ќе придонесе кон надминување на проблемот со истите во иднина.