По пристигнувањето на местото на злосторството, полицајците пронашле жена со повеќе убодни рани во пределот на вратот и на грбот, па само можеле да констатираат смрт.
Тинејџерка од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинета дека ја избола мајка си до смрт бидејќи ѝ го зела мобилниот телефон, објави порталот Њусвик.Припадниците на полицијата од локалната станица во Вилкс-Баре во петокот попладне биле повикани да интервенираат по пријава дека една жена не дава знаци на живот.
На местото на настанот било пронајдено и 11-годишно момче со повреди на грбот нанесени од нож, кои, сепак, не биле опасни по живот, како и 13-годишната ќерка на убиената која е обвинета за убиство.Според полицијата, девојчето на лице место признало дека ја убило мајка си по расправија при која му го одзела ајфонот, изгледало вознемирено и се каело за тоа што го сторило.