Продолжуваме со активности за партерно уредување во урбаните заедници.
Населбите “8 Ноември” и “Сењак” се едни од локациите каде што интензивно се работи на уредување околу станбените единици со цел жителите да имаат подобар пристап и функционалност на јавниот простор пред своите домови. Градежните активности предвидуваат партерно уредување на просторот околу зградите,реконструкција на тротоарите,нови паркинг места,нови пристапни патеки,поставување на урбана опрема и нови клупи за одмор – Градоначалник на Штип, Иван Јорданов.