Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади изјави денеска дека „израелската агресија“ го турка регионот кон „амбисот“ на војната од целосен обем. „Израелската агресија која започна во Газа и сега продолжи во Либан го турка целиот регион во бездната на регионална војна од целосен размер. Се соочуваме со катастрофа и опасна ескалација што му се заканува на регионот. Израел сноси одговорност за оваа агресија, ескалацијата во регионот и секоја нова ескалација со која се соочува регионот“, изјави Сафади на прес-конференција во Бејрут.
По средбата со либанскиот премиер Наџиб Микати, пренесува либанскиот портал Нахарнет. Сафади рече дека Јордан ја поддржува иницијативата на либанската влада за избор на нов претседател и нејзината посветеност за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која заврши последната војна на Израел со Хезболах во 2006 година, која ќе го држи јужен Либан под единствена контрола на либанската армија и мировниците на ОН, пренесува Танјуг. Тој додаде дека Јордан, како и Либан, ја поддржа иницијативата на Соединетите Американски Држави и Франција за тринеделен прекин на огнот во Либан.