Денеска на територијата на СВР Битола ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради доаѓањето на Илијана Јотова, потпретседателка на Бугарија. Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот. Од Општина Битола соопштија дека таа не доаѓа во официјална посета на Општината.
Јотова, заедно со тогашниот бугарски премиер Кирил Петков, но и со преостаната политичка делегација од Бугарија, на 16 април беше на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.
Јотова остана запаметена по фамозната изјава дадена во Битола.„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, рече тогаш Јотова. Од СВР Битола соооштуваат дека ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот