Според образложението на жирито, 53-годишната писателка е наградена за нејзината „интензивна поетска проза“ која ја отвора темата на „историски трауми“ и ја разоткрива „кревкоста на човечкиот живот“.
Нејзината „емпатија за ранливите, често женски животи, е опиплива и засилена со нејзината метафорично густа проза“, изјави Андерс Олсон, претседателот на Нобеловиот комитет. „Таа има посебна свест за врските помеѓу телото и душата, живите и мртвите, а со поетскиот и експериментален стил стана иноваторка во современата проза“.
Таа стана лауреатка на Нобеловата награда за литература, во конкуренција со руската писателка Људмила Улицка, кинескиот авангарден писател Кан Кју и британскиот писател Салман Ружди. Хан Канг е родена во 1970 година во јужнокорејскиот град Гвангжу, пред, на деветгодишна возраст, да се пресели со своето семејство во Сеул.