„Јутјуб“ ќе престане да им препорачува видеа на тинејџерите за телесна тежина или физички карактеристики, откако експертите предупредија дека таквите содржини може да бидат штетни доколку се гледаат премногу пати.
Платформата сè уште ќе им дозволува на младите од 13 до 17 години да ги гледаат видеата, но нејзините алгоритми нема да им ги „препорачуваат“ на младите корисници таквите соддржини, пишува Гардијан.
„Јутјуб“ соопшти дека експертите од советодавниот комитет за млади критикувале дека одредени категории кои може да бидат „безопасни“ би можеле да бидат „проблематични“ доколку се гледаат повеќе пати.Платформата повеќе нема да дава повеќекратни препораки за теми како телесна тежина на тинејџерите кои ја регистрирале својата возраст на платформата како најавени корисници.
Безбедносната рамка веќе е воведена во САД.
„Поголема фреквенција на содржини што ги идеализираат нездравите стандарди или однесувања може да ги нагласат потенцијално проблематичните пораки – и тие пораки можат да влијаат на тоа како некои тинејџери се гледаат себеси“, рече Алисон Бриско-Смит, советник на YouTube.