Илон Маск, милијардер кој флертува со фашизмот и екстремната десница, успеа да направи десничарските политичари да изгледаат прилично глупаво за време на интервјуто со Доналд Трамп, пишува Ју-ес-еј тудеј.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пофали со планираното интервју со Маск на платформата Х, кое беше закажано за вторник во 14 часот по средноевропско време (20 часот во САД).
„Тоа ќе биде интервју на векот“, напиша Трамп со големи букви на својот налог на платформата Х.
„Звучи како лик од цртан филм“
Кампањата на Трамп е во големи проблеми откако минатиот месец американската потпретседателка Камала Харис беше избрана за демократски кандидат на претстојните претседателски избори. Неговите напади врз неа не функционираат, а неговите расистички коментари за нејзиното потекло и раса ги игнорираа сите освен неговите најверни и најекстремни поддржувачи. Затоа Трамп реши да разговара со Маск. Дури и сè да одеше добро, овој потег немаше да ѝ донесе голема корист на кампањата бидејќи беше насочен кон онлајн-публика која всушност не го претставува поширокото гласачко тело. Но, интервјуто беше целосна катастрофа, пишува Ју-ес-еј тудеј. Кога интервјуто конечно започна, имаше 1,3 милиони следбеници, а поранешниот претседател на моменти звучеше како да шепоти, па некои од слушателите коментираа дека звучи како цртан лик, додека други сугерираа дека може да се работи за компресија на звукот.
Трамп ги пофали Путин, Си Џинпинг и Ким Џонг Ун
Трамп зборуваше за имиграцијата, за претседателот Џо Бајден и сè што друго му падна на ум во тоа време. Тој, исто така, се двоумеше, паузираше или погрешно ги изговараше зборовите, што пак предизвика загриженост за неговото здравје и возраста. Маск пак, интервјуто го водеше лаички и без поента. Тој навиваше за Трамп, ја пофали неговата храброст за време на обидот за атентат и се согласуваше со сè што кажа поранешниот претседател, забележува Ју-ес-еј тудеј. Трамп повтори дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку тој останеше на функцијата претседател, ги пофали рускиот претседател Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, велејќи дека тие се врвот на светската политика. Трамп го пофали Маск и за начинот на кој ги отпушта работниците во неговите компании.
„Вие сте најдобриот сечач на работни места. Мислам, види што си направил. Влегуваш, велиш: „Сакаш ли да дадеш отказ?“
Трамп зборува небулози?
Големиот проблем на Трамп е што стана неподносливо здодевен, пишува Ју-ес-еј тудеј. Упорно ја споменува изградбата на ѕидот, напаѓа некои марксисти, детски го критикува својот политички ривал за претседателската трка со Камала Харис. А ова интервју со екстремно богат чудак (Маск) кој им се допаѓа само на малкумина луѓе, беше вистинска катастрофа. Маск веќе направи Де Сантис да изгледа како будала со неговата неспособност на социјалните мрежи и незаслуженото чувство за самобитност. А сега истото му го направи и на Трамп, констатира Ју-ес-еј тудеј.