Развојот на малите семејни винарии е најголемото признание за нашата работа. Ги има насекаде низ државата. Денеска имаме 146 мали семејни винарии кои успешно искористиле грант од 10.000 евра. Ја посетив малата семејна винарија Арабеска во село Сопот кавадаречко која прераснува во угостителски објект, со што се развива и руралниот туризам. Секој чекор напред е постигнат со многу љубов, знаење, умешност и труд. Горд сум на секоја една мала семејна винарија која изминативе години испиша успешна приказна, токму како Арабеска – нашиша на фејсбук Љупчо Николовки, министер за земјоделство, шумарсто и водостопанство на РС Македонија.