„Лично сум фокусиран во изборот на кадри во РЕК Битола бидејќи го знам комбинатот и го знам поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, така што многу скоро од денеска ќе имаме ново раководство во рамки на ЕСМ и во рамки на РЕК Битола“, изјави Христијан Мицкоски во Битола.
– Имаме план како тоа да го реализираме. Топловодот ќе се изгради и ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето она што тие го потпишале, а кое е штетно за битолчани, да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион. Нема да водиме лицемерна политика – од една страна да го затвораме РЕК Битола и да оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна да трошиме повторно пари на граѓаните и да градиме топловод којшто кога би се затворил РЕК Битола, ќе нема ресурси од каде да се затоплува Битола. Ќе го сочуваме РЕК Битола и ќе го изградиме топловодот – рече Мицкоски.