Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во Тирана ќе ја прими наградата „Doctor honoris causa“ од Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ во Тирана. „Doctor honoris causa“ е највисокото признание кое Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ го доделува на истакнати личности за придонес во националната, меѓународната, академската, научната или културната сфера, како и за посебната врска со овој Универзитет.
– Академскиот сенат на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ одлучи да му ја додели титулата на претседателот Џафери за „неговиот особен придонес во официјализирањето на албанскиот јазик, за слободата и правата на Албанците во Северна Македонија, за мудроста и високите интелектуални и државотворни вредности во заштита на нашиот национален идентитет. За неговите душевни врски со иконите на нашето национално образование Севасти и Параскеви Ќириази и Кристи Дако, кои се историско наследство и продолжение на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“, се наведува во соопштението од Собранието. Церемонијата на доделување на титулата, како што е најавено, ќе биде во 10 часот, во зградата на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ во Тирана.