25.8 C
Скопје
27/05/2024 17:13
МАКТЕЛ

  

     

 

Џафери: Северна Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност

      

   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери:
„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

 

И ние во Република Северна Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи.
Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.

   

     

Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Северна Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво.

Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Северна Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика.
Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност.

Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Северна Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден.

Почитувани присутни,
Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема.
Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.
Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста.

Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.
Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.

    

Најново

ИМАКО ВИНО НАПРАВИЛЕ МНОГУ ДОБРО ВИСКИ, ЗРЕЕНО НАД 5 ГОДИНИ ВО ДАБОВИ БУРИЊА

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: СРЕДЕ ЖЕСТОКА ДЕБАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА МЕЃУ БОСНА И СРБИЈА, БРАТОТ НА ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ЛУЃЕ ВО БОСНА ЅВЕРСКИ УБИЕН СРЕДЕ БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

Јанчев: Асфалтирање на крак од ,,Западен Булевар”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „АЈДЕ, ДОСТА Е“ Се појави снимка од претепувањето на братот на министерот од БиХ во Белград

Sase Ivanovski

ЗНАМ ЌЕ ДОБИЕ 2 МИНИСТЕРСТВА? Работните групи ги откриваат контурите на новата Влада

Sase Ivanovski

Митко Јанчев: Пехарот од Купот на Македонија вечерва пристигна во Кавадарци

Sase Ivanovski

UNDP MK: Реализација на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“

Sase Ivanovski

Демири ги поучи новинарите наместо за Бесија Иљази и цевки од парно, да се занимавале со битните работи

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРЕДЕ КОНЦЕРТ АДЕЛ СИ ГО ПРЕПОЗНА ГИНЕКОЛОГОТ КОЈ ЈА ПОРОДИЛ

Sase Ivanovski

Сејдиу од ВРЕДИ: Работата е договорена и завршена, уставните измени ќе се случат!

Sase Ivanovski

Маж и жена загинаа откако со „матиз“ паднаа во Крива Река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРУКА: Министерот Демири се караше со новинарите, тие биле криви за се, престави слика на тотален хаос во јавното здравство!

Sase Ivanovski

Стоилковски: Министерот Демири на СДС/ДУИ ниту чувствува, ниту бара одговорност, ниту пак има појма што се случува на Хирургија, одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Демири: Нема проблем со компресорите, едноставно се појавува лоша миризба – испратени мостри во Германија

Sase Ivanovski

Поради висока смртност на Кардиохирургија, разрешен директорот Шокаровски. Демири бара одговор кои се експертите од Дедиње плаќани по 700 евра дневно

Sase Ivanovski

Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата од лабораторија во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАДИ НАРУШЕНИ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

Сончево и топло време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

АМЕРИКА ВО ЕДНА ФОТКА, И ТАЈНАТА ЗОШТО Е БРОЈ 1 СУПЕРСИЛА ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Sase Ivanovski

Хулигани во Белград претепале до смрт брат на министер во Владата на БиХ

Sase Ivanovski

МИЛИЈАРДЕРИ НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИ 80 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ОД ПАРКИНГОТ НА ГРОБИШТАТА „БУТЕЛ“

Sase Ivanovski

Шешељ ја пофали Силјановска: Си ја знае работата и исправно постапува

Sase Ivanovski

Детали за пукањето на „Пластичарска“: Еден починат и двајца повредени

Sase Ivanovski

Сензорите за мерење на шеќер што ги набави државата наместо 14 траат три дена

Sase Ivanovski

Осомничениот Мемети дупло побогат од уапсениот Георгиев, двајцата нетранспарентни до крај

Sase Ivanovski

КФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од Бањска

Sase Ivanovski

Герасимовски: Паркинг услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ

Sase Ivanovski

100 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

600.000 евра грант од ИПАРД за рурален туризам: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…

Sase Ivanovski

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА БЕШЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ СО УЧЕСТВО НА ЕКИПИ ОД СРБИЈА, ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Николоски: Во сообраќајна несреќа при судир на камионите кои носат увозен јаглен на омилената фирма на белорускиот конзул загина човек – власта во заминување врши масовен грабеж на ЕЛЕМ и РЕК Битола

Sase Ivanovski

ОВА ДА ГО КАЖЕШЕ АЛИ АХМЕТИ ИЛИ АРТАН ГРУБИ ИМАШЕ ДА ИМА ОПШТА ХИСТЕРИЈА

Sase Ivanovski

РАМШТАЈН: КОГА МУЗИКАТА Е ТОЛКУ ЛОША ШТО МОРА ДА СЕ ЗАБАВУВА ПУБЛИКАТА СО ОГНОМЕТ И ЗАПАЛЕН БЕНЗИН ЗА ДА НЕ ЗАСПИЕ

Sase Ivanovski

Стефковски: Градиме нов паркинг во Автокоманда!

Sase Ivanovski

Љупчо Николовски: Развојот на малите семејни винарии е најголемото признание за нашата работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ДРАМАТИЧНОТО СПАСУВАЊЕ НА ИЗГУБЕНИТЕ ЛУЃЕ НА НАДОЈДЕНАТА ПЧИЊА ВО КУМАНОВО

Sase Ivanovski

(ФОТО) БОБИ СТЕФКОВСКИ: СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР ВО ХИПОДРОМ ВЛЕГУВА ВО ЗАВРШНА ФАЗА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОМ И ЏЕРИ ПРОБАА ДА НЕ СПРЕМААТ ЗА ТОА ШТО НЕ ЧЕКА ВО ЖИВОТОТ

Sase Ivanovski

Костадинов: Среќен сим и горд што една моја иницијатива, од пред повеќе од 3 години, стана дело, и полека но сигурно се претвора во традиција

Sase Ivanovski

ЕВЕ ДОБРА ИДЕЈА ЗА СКОПЈЕ: ГЛАВНИОТ БУЛЕВАР ВО БОСТОН, САД ВО 2003-ТА Е ПРЕМЕСТЕН ПОД ЗЕМЈА

Sase Ivanovski

Николовски: Први во регионот започнавме со #ИПАРД 3 и еве веќе денеска, ги гледаме првите резултати

Sase Ivanovski

Гази Баба денес се обедини во хуманоста за Тања!

Sase Ivanovski

ХРАМОТ СВЕТИ САВА ВО БЕЛГРАД СЕ СМЕТА ЗА НАЈГРАНДИОЗНА ЦРКВА ВО СВЕТОТ, ОТКАКО СВЕТА СОФИЈА ВО ИСТАНБУЛ СТАНА ЏАМИЈА

Sase Ivanovski

Николовски: Меѓу првите земји дадовме поддршка на иницијативата на Словенија пред ООН за прогласување на 20 мај, роденденот на пионерот на модерното пчеларство Антон Јанша, за Светски ден на пчелата

Sase Ivanovski

Стефковски: 1.800.000 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР

Sase Ivanovski

Љупчо Николовски: Македонските винарии го освојуваат светот

Sase Ivanovski

Богдановиќ: Им честитам на победниците и освојувачите на награди на поединечното првенство за сениори за мажи и жени во шах

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: ООН покажа дека станува збор за политички мотивирана одлука против Република Србија

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, дечињата со церебрална парализа

Sase Ivanovski

И оваа година, продолжува традиционалната дружба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ на Пеленица заедно со премиерот Христијан Мицкоски!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Недела, а Кисела Вода е во центарот на случувањата, овојпат на Меѓународниот турнир во теквондо

Sase Ivanovski

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ – познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

Sase Ivanovski

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Репортажа на Канал 5 – какво е „лицето“ на Скопје?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ – Сања Лукаревска во Неформално на Sitel Podcast

Sase Ivanovski

Ситуацијата алармантна, надлежните без конкретна акција да се справат со климатските промени

Sase Ivanovski

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Sase Ivanovski

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА – голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

Sase Ivanovski

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА – вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛЕМ НАВИВАЧКИ КОНФЛИКТ ВО БЕРЛИН, СЕ ТЕПАА ГРЦИ СО ПАЛКИ И ШИПКИ – еве кои грчки навивачи си ги одмерија силите

Sase Ivanovski

Украина уништила 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска

Sase Ivanovski

Путин засега не планира нова мобилизација

Sase Ivanovski

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“

Sase Ivanovski

Норвешкиот министер му ги предаде документите на палестинскиот премиер за признавањето на Палестина

Sase Ivanovski

Зеленски ги покани Бајден и Си на мировниот самит во Швајцарија, Русија не е поканета

Sase Ivanovski

Главниот обвинител на МКС Кан: Морав да побарам налог за апсење на Нетанјаху, се соочувам со закани

Sase Ivanovski

Двајца загинати во торнадо во Тексас и Оклахома, 250.000 домови без струја

Sase Ivanovski

Рама: Албанците во Италија се главните обединувачи на двата брега на Јадранот, кои не беа принудени да го сменат идентитетот како сонародниците во Грција

Sase Ivanovski

За сексуално злоставување малолетнички од страна на вероучител во Турција бараат затвор до 135 години

Sase Ivanovski

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека со ракети го напаѓа Тел Авив

Sase Ivanovski

ИДФ: Најмалку осум ракети истрелани од Рафа кон централниот дел на Израел

Sase Ivanovski

Советничка на ОН за спречување геноцид: Ставот на Вучиќ дека резолуцијата за Сребреница го инкриминира српскиот народ или го означува како геноциден е „апсолутно неточен”

Sase Ivanovski

Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето

Sase Ivanovski

Камиони со хуманитарна помош влегуваат во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Фудбалерките на Барселона ја освоија Лигата на шампиони

Sase Ivanovski

Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ

Sase Ivanovski

ОВОЈ ЧОВЕК АКО СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ ПОБЕДИ ВО ПРВ КРУГ: Сашко Коцев доби наградата за особен придонес во театарската уметност

Sase Ivanovski
Вчитувам....