Засега не се знаат причините за пожарот и дали во депото имало луѓе. Голем пожар избувана во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода. Како што дознаваме, пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици. Црн чад се крева од објектот.
Екипите во моментов се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено. Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило. Штетата дополнително ќе се утврдува, засега нема информација за повредени.