5.8 C
Скопје
05/12/2024 15:02
МАКТЕЛ

 

📷 ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ ТЕЦ НЕГОТИНО ОД ЛАДНА ВО ТОПЛА РЕЗЕРВА? Светот зборува за водород, ние немаме ни гасовод

     

ТЕЦ Неготино се подготвува за значајни промени во својата работа, со фокус на модернизација кон природен гас и потенцијалната употреба на водород, но соочена е со предизвици поврзани со економската исплатливост и со еколошките стандарди. Термоелектроцентралата (ТЕЦ) Неготино е една од најстарите електроенергетски централи во Македонија и долго време претставува предизвик за енергетскиот сектор на земјата.

 

Оваа централа, која користи мазут, традиционално служи како „ладна резерва“ и се активира само при енергетска криза. Поради својата структура и технологија, ТЕЦ Неготино произведува електрична енергија со значително повисоки трошоци, што ја прави нерентабилна во споредба со пазарните цени.

  

Да се реновира или да се гради нова централа?

Експертите се согласни за тоа дека ако ТЕЦ Неготино се пренамени да работи на природен гас, тоа значително ќе влијае врз еколошките стандарди и врз економската исплатливост на централата. Но, дилемата е дали вреди државата да инвестира во модернизација на централата, или треба да вложи во изградба на сосема нова постројка, која ќе работи на гас.

Според професорот Ристо Цицонков од Машинскиот факултет во Скопје, Македонија воопшто не треба да вложува пари во модернизација на ТЕЦ Неготино, туку таа централа треба да се чува како „ладна резерва“, додека не се изгради нова. – Јас мислам дека не треба да се вложуваат пари во модернизација на ТЕЦ Неготино на мазут.

Подобро е да се вложи во нова гасна термоцентрала, со комбинирано производство на електрична енергија и топлина, на пример во Скопје. Но сепак, постојната ТЕЦ да се чува како „ладна резерва“ додека не се изгради нова. На Македонија ѝ треба базна електрична енергија (кога нема сонце и ветер), а ТЕЦ Неготино може да послужи за тоа – смета Цицонков. Со пренамената на ТЕЦ Неготино на природен гас ќе се добијат подобри еколошки стандарди, а економската исплатливост би била поголема.

– Секако дека природниот гас од еколошки аспект е подобар од мазутот, би имало помало локално загадување. Но, јавноста треба да знае дека природниот гас не е еколошко гориво, бидејќи со неговото согорување се ослободува СО2, а тој придонесува во глобалното затоплување. Треба да се донесе гасовод и да се вгради соодветна опрема за гас. Треба да се замени горилникот на мазут со горилник на гас на двата котли.

Но, вака реконструираната ТЕЦ ќе има помал коефициент на корисно дејство од гасните термоцентрали што се произведуваат денес. Со денешната цена на природниот гас од околу 39 EUR/MWh, цената на произведената електрична енергија ќе биде пониска во споредба со мазутот. Но, цената на гасот се менува, така што при висока цена на гасот, не е извесно дека ќе има ниска цена на произведената електрична енергија – објаснува Цицонков.

Професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет смета дека во моментов употребата на ТЕЦ Неготино за производство на електрична енергија би била скапа, но и загадувањето од мазутот би било енормно. – Цената на произведената електрична енергија од термоенергетските постројки во Македонија зависи од цената на енергенсите. ТЕЦ Неготино може да работи со мазут, кој е најевтин, но загадува.

Значи, цената зависи од цената на мазутот, заедно со транспортот во дадениот момент. Со денешната цена на природниот гас, цената на енергијата би била над 100 евра за мегаватчас, што е скоро еднаква со цената на берзата. Но сѐуште нема изградена врска за транспорт на гас до ТЕЦ Неготино.

Најкусата врска е од Неготино, околу 8 километри растојание. Емисијата на штетни материи е за 30% поголема во однос на современите термоцентрали, како што е на пример ТЕ-ТО Скопје. Но, би била поповолна ако се спореди со емисијата од термоцентралите во РЕК Битола, кои користат јаглен како примарен енергент – аргументира Димитров.

Министерката Божиновска вети нов енергетски капацитет

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, за Плусинфо вели дека во следните пет до шест години Македонија ќе има уште еден електроенегетски капацитет. Со тоа, како што додава, ќе се потврди заложбата на Владата за зелена транзиција.

– Во моментов сме во фаза на разгледување на можноста со ревитализација и модернизација на ТЕЦ Неготино, за да добиеме капацитет што ќе користи гас во производството на струја, со што животниот век на овој енергетски капацитет би се продолжил за најмалку три децении – вели Божиновска. Верувам дека во наредниве пет до шест години ќе имаме уште еден електроенергетски капацитет, кој ќе биде еколошки, бидејќи наместо мазут, како што е сега, ќе се користи природен гас за производство на електрична енергија.

Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини  Таа додава дека за извори на финансирање е рано да се зборува, со оглед на многу кусото време од формирањето на Владата и новото Министерство.

– Сепак, со посветеност кон овој проект, верувам дека во наредниве пет до шест години ќе имаме уште еден електроенергетски капацитет, кој ќе биде еколошки, бидејќи наместо мазут, како што е сега, ќе се користи природен гас за производство на електрична енергија – ни изјави министерката. Од Општина Неготино велат дека откако постои Централата работела премалку и немала значителна можност да влијае врз животната средина.

Поради тоа, немало причина ни локалната заедница да реагира во однос на можно загадување на животната средина. – Централата е во сопственост на ЕСМ и модернизацијата е во нивна надлежност. Локалната заедница е информирана дека во ТЕЦ Неготино постои инсталација на гас за работа на парогенераторите, покрај инсталацијата на мазут.

Со изградбата на гасоводот Миладиновци-Неготино-Битола и неговото ставање во функција, објектот ќе може да работи економично и со мала емисија на стакленички гасови (гасот согорува во висок процент околу 97%), со што ќе се заштити животната средина, а локалната заедница ќе нема причина за реакција – велат од Општината.

Водородот е посакувано, но далечно решение

Божиновска не ја исклучува можноста во ТЕЦ Неготино во иднина како гориво да се користи и водородот, но додава дека оваа технологија сѐ уште е во зародиш. – Употребата на водородот засега и во светот е само идеја и неговата примена ќе зависи од тоа како ќе се развива технологијата за негово добивање, складирање и транспорт.

Во зелената транзиција идејата е првично да се изградат електрани на гас, што ја отвора можноста подоцна да се користи водород во овие централи. Токму затоа наш план е со изградба на когенеративни електрани на гас да го напуштиме јагленот – објасни министерката.

Според професорот Цицонков, водородот како гориво во моментов не е опција, бидејќи горивото има многу висока цена. – Водородот моментално има многу висока цена. Тој не се употребува ниту за нови конвенционални термоцентрали. Процесите за производство на водород сѐ уште се во почетна, би рекол експериментална, фаза. Цената на водородот нема да падне во блиска иднина – смета професорот Цицонков.

И професорот Димитров смета дека во моментов воопшто не треба да се размислува ТЕЦ Неготино да користи водород како гориво. Оваа технологија е сѐ уште во развој, а во Македонија воопшто нема најава за изградба на соодветна инфраструктура или самите да произведуваме водород како гориво.– Примена на водород во ТЕЦ Неготино не е сериозна тема за размислување во дадениов момент. Не е реално. Немаме производство на водород.

Немаме врски (цевководи) за транспорт на водород. За да биде економски оправдана неговата примена во ТЕЦ Неготино, треба да се купат и да се постават дополнително две гасни турбини, пред постоечката парнотурбинска постројка. Енергија содржана во 1 m3 водород е за 3 пати помала во однос на енергијата содржана во 1 m3 природен гас – заклучи Димитров.

ТЕЦ Неготино е затворена во 2008 година

ТЕЦ Неготино почнала да работи во 1978 година и имала производствена моќност од 195 MW. Во неа во моментов се вработени повеќе од 200 работници, кои речиси ништо не работат, бидејќи центалата не е во функција. ТЕЦ Неготино е најмалку користена термоцентрала во Македонија.

Според официјално достапни податоци, од 1995 година до 2008 година Централата произвела вкупно 1.385 GWh струја. Тоа е количина што само еден блок на РЕК Битола во добри денови ја произведувал за само една година. Историска продукција: Од 1978 до 2022 година, ТЕЦ Неготино произвела вкупно 4.700 гигават часови (GWh) електрична енергија.

Само во 2022 година, производството изнесувало 420 GWh, што покажува стабилна производствена активност и важноста на електраната во задоволувањето на енергетските потреби. Во 2022 година беше активирана поради енергетската криза, работеше околу 40 дена. Претходната влада најави трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут на природен гас, која требаше да биде реализирана по енергетската криза во 2022 година, но не го направи тоа.

Во март 2023 година ТЕЦ Неготино се интегрира во ЕСМ. Пред тоа беше посебно државно претпријатие. Како и да е, ТЕЦ Неготино останува точка на економски и еколошки предизвици, додека Македонија се бори да обезбеди стабилни и долгорочни енергетски ресурси.

 

Најново

МАЛЕСКИ: Рикер, „нон-пејпер“ и времето што ни истече

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово членови на семејството на Џелал Бајрами палеле автомобили

Sase Ivanovski

Началникот на британската армија: “Заборавете на Студената војна, на работ на „третата нуклеарна ера

Sase Ivanovski

Следува продолжен викенд, понеделник неработен за сите граѓани

Sase Ivanovski

Започна битката за сирискиот град Хама

Sase Ivanovski

УСС УКИМ бара подобрување на условите во „Пелагонија“ – топла вода, поквалитетна храна, одржување на собите

Sase Ivanovski

Русите ги повлекуваат своите воени бродови од базата во Сирија – Ја губи ли Асад поддршката од главниот сојузник?

Sase Ivanovski

Интел ќе му исплати 10 милиони долари отпремнина на поранешниот извршен директор

Sase Ivanovski

„Да бидеш волонтер значи да даваш, но и да добиваш“ – Светски ден на волонтерите

Sase Ivanovski

ФИНАНСИСКАТА ДУПКА ВО ДРЖАВНИОТ ПЕНЗИНСКИ ФОНД Е ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ФОНДОВИ Да се врати единствениот државен фонд за пензии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 🎥 📷 „ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“ Биле исечени држачите на настрешницата во Нови Сад, обвинува Шаровиќ

Sase Ivanovski

📽 НАПАЃАЧОТ ОД МЕНХЕТЕН ИЗГРАВИРАЛ 3 ЗБОРОВИ НА КУРШУМИТЕ Се појави снимка од убиството во центарот на Њујорк

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВИДИВАКА: Преку работилници и обуки младите учат како да се борат против корупцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ПРВАТА КАФАНА ВО ЕВРОПА Е ОТВОРЕНА ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

Мицкоски: Телеком, A1 Македонија, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија

Sase Ivanovski

ЕСМ се подготвува за испади на термоелектраните, се бара струја за вонредни ситуации

Sase Ivanovski

Строги контроли на квалитетот на горивата – се заоструваат инспекциските контроли на македонскиот пазар

Sase Ivanovski

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

Sase Ivanovski

СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ ТУРКАЛЕ ДРУГ АВТОМОБИЛ Тешка сообрќајка кај селото Баница

Sase Ivanovski

КОИ БЕА МАТНИ, А КОИ БИСТРИ НАСТАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО НОЕМВРИ? Транспаренси интернешнл го објави извештајот

Sase Ivanovski

САМО АКО СЕ БОРИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕ ДА СЕ СПАСИМЕ ОД КОРУПЦИЈАТА Нашата рамнодушност ѝ дава сила, борбата мора да е сеопфатна

Sase Ivanovski

Бугарско вето по македонски рецепт и за Србија

Sase Ivanovski

ИКС: Довербата кон институциите, медиумите и политичарите е најголема жртва во ерата на поствистина

Sase Ivanovski

Пауел: „Биткоинот не е конкуренција на доларот, туку на златото“

Sase Ivanovski

Поголемите пензионирања од Вториот столб ќе бидат за 20 години!

Sase Ivanovski

Приведен жител на Пепелиште, се сомничи дека усмртил жена со комбе и избегал

Sase Ivanovski

Вистинската мерка која реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

Нова студија: Сузбивањето на одредени видови на ешерихија коли може да го намали ризикот од рак

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.500 ученици во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Лисиче не се појавија на настава поради проблематичен ученик

Sase Ivanovski

Зеленски им воведе санкции на грузиските власти

Sase Ivanovski

Обвинителот Цветановски ја прифати жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го „оживеа“ предметот „Бонусите на СЈО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Продолжува акцијата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, се намалуваат цените на над 600 производи за новогодишните празници

Sase Ivanovski

(ФОТО) Трипуновски: До вчерашниот ден откупени се 1.400.000,00 килограми тутун, со просечна цена од 374,30 денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев, да ги преслика неговите криминали

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЈПКХС: ОТСТРАНЕТИ 50 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЦЕНТАР И ЧАИР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс

Sase Ivanovski

(ФОТО) Самостојната изложба на ликовниот уметник од Република Хрватска, Данко Фришчиќ

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Гостивар, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ФОТО) МВР: Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МВР: Расчистен случајот со опожарените возила и објект во Куманово, сторителот лишен од слобода

Sase Ivanovski

СДСМ: Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените

Sase Ivanovski

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа Николовски на регионален состанок: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Sase Ivanovski

ВЛЕН: И СДСМ ПОЧНА ДА БЕГА ОД ДУИ – КАДЕ ШТО ДОПИРА ДУИ, НИ ТРЕВА НЕ НИКНУВА!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС ништо не се менува, во СДС се е „како и до сега“, присуството на Филипче на политичката мапа е стратегија за опстојување на кланот Заеви, од кои Македонија нема демократски придобивки

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗМЕП Трајков се сретна со специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан Золт Бунфорд

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лимани по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Нека овој ден биде поттик за конкретни промени во инфраструктурата и свеста за еднакво општество за сите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мисајловски во Тирана: Успехот на САД – Јадранската повелба е доказ за заедничката посветеност на регионалната безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ ТЕЛМА: Според очевидци на настанот, телото на жената завршило на оградата

Sase Ivanovski

„ОРЕШНИК БЕШЕ БЛЕФ“ Русија му приредила претстава на Западот, а актери биле Захарова и Громов?

Sase Ivanovski

ШТАНЦААТ ОРУЖЈЕ И ИМ ОДГОВАРА ВОЈНАТА Колку се опарија 100-те најголеми произведувачи на оружје во последните години?

Sase Ivanovski

ЛАДЕН ТУШ ЗА ИЗРАЕЛ ОД АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ Извештај од 300 страници го товари Тел Авив за геноцид врз Палестинците

Sase Ivanovski

🎥 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ ЈА ВИДЕ БОГОРОДИЦА Ликот на Божјата мајка се појави на свеќникот во црквата „Св. Никола“

Sase Ivanovski

ТРАМП ЌЕ ГО КОНТРОЛИРА КОНГРЕСОТ Републиканците го освоија Претставничкиот дом со тесно мнозинство

Sase Ivanovski

Левица: Градоначалникот од ДПМНЕ во одбрана на иредентистичката училишна претстава во Челопек

Sase Ivanovski

Комисијата за спречување на дискриминација: Законот за основно образование не ги исполнува целите за недискриминација

Sase Ivanovski

Папата Франциск до свештениците: Скратете ги проповедите до 10 минути „бидејќи луѓето може да заспијат“

Sase Ivanovski

Тројца повредени во тешка сообраќајка пред Собрание

Sase Ivanovski

Еврокомесарот за одбрана: Ако не ја поддржиме Украина, Русија би можела да нападне земја од ЕУ

Sase Ivanovski

ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

Sase Ivanovski

ДУИ: Каква хипокризија, Изет Меџити зборува за „разбивањето на митот за ДУИ“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Господ да ме праша “Што им згрешивте на Бугарите”, нема да знам да објаснам

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Лазо Ангеловски“ осамна без ученици и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот

Sase Ivanovski

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија, предвидува помош „без одлагање“

Sase Ivanovski

(Видео) Бајден задрема на сред состанок:„Ова е апсолутна срамота“

Sase Ivanovski

Обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост

Sase Ivanovski

„Скопски пазар“ на Етеми и Дудлоски стана најголем акционер во хотелскиот гигант „Македонија турист“

Sase Ivanovski

Скопјанец со раце ја давел поранешната сопруга и со боксови ја удирал по главата

Sase Ivanovski

Вучиќ: ЕУ бара да направиме компромис со Приштина, ние не сме заинтересирани

Sase Ivanovski

Судот го одби барањето на масовниот убиец Брејвик за ослободување од затвор

Sase Ivanovski

МВР со меѓународна потерница го бара адвокатот Ристески, осомничен дека со керозин ја запалил Адвокатската комора

Sase Ivanovski

Падна француската влада

Sase Ivanovski

Новиот опасен Тик Ток предизвик ,,Супермен” стигна и кај македонските тинејџери

Sase Ivanovski

Партијата на пензионери е категорично против зголемување на прагот за пензионирање

Sase Ivanovski

Трагедија во Хрватска: Мајка, син и неговата девојка пронајдени мртви

Sase Ivanovski

Биткоинот надмина 100.000 долари за првпат во историјата

Sase Ivanovski

Амнести интернешенел го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Sase Ivanovski

По падот на француската влада се стега обрачот околу Макрон

Sase Ivanovski

Јужнокорејскиот претседател под истрага за воената состојба

Sase Ivanovski
Вчитувам....