Астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, кои беа првичниот екипаж на Старлајнер, би можеле да се вратат на бродот „Crew Dragon“ на „SpaceX“ во февруари 2025 година, доколку нивното летало сè уште се смета за небезбедено, изјавија претставници на американската агенција во средата.
„SpaceX“ првично го закажа лансирањето на капсулата „Crew-9“ за средината на август. НАСА сега вели дека мисијата ќе биде лансирана по 24 септември. Боинг во јули соопшти дека по ригорозните тестови на земјата, инженерите идентификувале проблеми со Старлајнер, вклучувајќи ненадеен дефект на погонскиот систем и истекување на хелиум. Во соопштението од 2 август, компанијата рече дека „довербата во враќањето на Старлајнер со екипаж останува висока“. Неодамнешните извештаи сугерираат дека има повеќе конфликт зад сцената меѓу лидерите на НАСА и Боинг. Некои претставници на вселенската агенција, наводно, се сомневале дали Старланјер треба да ги врати Вилијамс и Вилмор.
Боинг се обидува да ја зачува нарушената репутација
Главниот извршен директор на Боинг не беше на конференцијата во средата, а експертите изјавија за Гардијан дека не е невообичаено или неочекувано експерименталните вселенски летови да предизвикаат проблеми.– Тоа е дефинирано како пробна мисија, се нарекува пробен лет со екипаж и една од неговите задачи е да се справи со непланирани проблеми – рече Џери Стоун, виш соработник во Институтот за вселенски студии и автор на „Еден мал чекор“. Сепак, влогот е голем за Боинг, кој во последниве години се мачеше со оштетување на својот углед во медиумите поради проблеми со своите авиони.
На последната прес-конференција на компанијата Старлајнер, Марк Напи, програмски менаџер за комерцијалниот тим на Боинг, рече дека жали што толку многу нагласил за осумдневната мисија. – Жал ми е што не рековме само дека ќе останеме таму додека не завршиме се што сакаме да направиме – рече Напи. Досегашните тестови на Боинг покажаа дека четири од млазните мотори на Старлајнер откажале во јуни затоа што се прегреале и автоматски се исклучиле, додека другите потисници кои се рестартирале за време на тестовите имале послабо од нормалното поради некакво ограничување на горивото.