Не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на продукцијата „Банана филм“, како што се тврди во соопштенијата испратени до медиумите од оваа продуцентската куќа – реагира Агенцијата за филм на РСМ, како одговор на информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор за прекин на проектите со оваа продукција.
Агенцијата се повикува на известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура, според кој очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот „Врба“.
При надзорот констатирани се одредени нелогичности во однос на ангажирањето на „Милкман продукција“, поради што инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на „Милкман Продукција“ од Њујорк. – се вели во записникот од извршениот инспекциски надзор.