Претседателот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од соработници денеска во Тетово ги продолжи средбите со претставници на бизнис секторот, граѓанскиот и образовниот сектор, како и интелектуалци во контекст на активностите под мотото „Заедно за Европа“. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаше и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и други.
Али Ахмети – претседател на ДУИ
За една земја се многу важни два пата, да се тргне по патот на случувањата и политичките процеси, стабилноста и безбедноста, кои многу ги вложивме во почетокот на 2002 до 2010 година. Кои беа параметрите што требаше да се имплементираат за да се има трајна безбедност и стабилност? Тоа беше Охридскиот рамковен договор. Без негова имплементација и довршување сигурно ќе недостигаше безбедноста или ќе беше повредена стабилноста. Се трудевме и работевме напорно, да нема повлекување. Понатаму напредувавме со тоа што бевме дел од решението на спорот со грчкиот сосед , но не во улога на гледачи, туку во насока на изнаоѓање решение бидејќи важни се моментите за создавање кредибилитет во меѓународните центри за пласман, но и кај претприемачите, луѓето кои се занимаваат со економските случувања затоа што нема здрава и стабилна политика без напредна економија.
Можеме да правиме многу добри политики, но ако останеме во многу висок сооднос со економските движења, се разбира, сето она што тие го направија е загрозено. Се обидовме да го поттикнеме и помогнеме деловното поле, особено локалното. Слободната зона во Тетово за нас беше многу добар чекор, инвестициите продолжуваат и сега кога зборуваме. Четири нови инвестиции се само во годината што ја испративме зад нас и годината што ја почнавме, за да можеме да оствариме средби со сите заинтересирани и оние кои придонесуваат за економијата на државата. Но, за безбедност и стабилност мораше да се затвори проблемот со грчката страна. Решението на овој проблем ја направи земјата членка на НАТО. На средбата што ја имав со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија, тие ми кажаа дека: „Откако Македонија влезе во НАТО, десетици и десетици странски бизнисмени дојдоа да купат локации за изградба на фабрики и хотелски капацитети, а јас бев многу импресиониран бидејќи ми кажаа во бројки. Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ.
И овој ден не е далеку бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади, таа на Европа и нашата земја. Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани. Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребно ни е проверено судство и политичар за да се има доверба во развојот на процесот, рече Ахмети.
Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИ
Претседателот г-дин Али Ахмети и сите носители на функции се во служба на општата благосостојба, најдобриот стандард за живот, квалитетот на животот и општиот граѓански интерес. Сега кога нашата земја се соочува со историскиот предизвик за интеграција во Европската Унија, бараме да не поддржите во оваа сложена мисија, бидејќи ова патување ќе биде клучно за иднината на земјата, нагласи Ахмети.
Насер Нуредини – Министер за животна средина и просторно планирање
По 30 години обезбедивме одржливи инвестиции за поквалитетен живот на сите граѓани на државата. Шар планина ја прогласивме за Национален парк, а реализиравме и бројни активности за стратешки инвестиции во Попова Шапка, кои не беа реализирани подолг период. Направивме и разни заеми од ЕИБ за системи за водоснабдување и третман на отпадни води и од ЕБОР за изградба на регионални системи за управување со отпад како проблем со кој се соочуваат речиси сите населени места, a исто така понудивме и еднакви можности за развој во сите региони во државата, но и за сите граѓани без разлика, појасни Нуредини.
Фестим Халили – директор на Фондот за иновации и технолошки развој
Денес, нашата мисија меѓу другото е да изградиме иновативна наука, претприемачи и силна економија. Народ кој е благословен со знаење и моќ, во економијата ниту клекнува, ниту го понижуваат, ниту го газат. Ова е мисијата на нашето време. ДУИ имаше мисија да ги интегрира Албанците во државните структури и мислам дека овој дел е успешно остварен. Денеска сите не обвинуваат дека Албанците водат и со половина Влада, како и со најмоќните министри. Мисијата на ДУИ секако започна со војната во 2001 година, а кулминираше со легализацијата на Универзитетот во Тетово. Просветлените умови рекоа, ако сакате да уништите нација, тогаш уништете го образованието. Како што рече нашиот мисионер ако сакаме да ги подигнеме Албанците, тогаш мора да го подигнеме образованието, храмовите на знаењето и науката. Се започна со легализација на Универзитетот во Тетово, го поддржавме и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово да стане приватен и јавен, исто така денес имаме уште еден јавен универзитет во Скопје, Универзитетот „Мајка Тереза“, кој го носи печатот на овие мисии на ДУИ, рече Халили.