Веста дека рочиштето за случајот „Титаник 2“ е одложено за овој предмет да застари, е најточниот доказ не само за екстремната корумпираност на
судскиот систем, туку и апсолутна причина да се прифати предложениот амандман за уставни измени од Алтернатива, според кој случаите на
политичка корупција никогаш не можат да застарат.
Предметот за Мијалков е подарок и за министерот за правда, кој се уште не се изјаснил за нашиот предлог за борба против политичката корупција.
Сепак, се надеваме дека оваа одлука не е дел од преговорите за создавање мнозинство за уставни измени. Ако политичката корупција е алатка за
евроинтеграциската агенда, тоа покажува дека европскиот сон на оваа земја е во залез.