Анета Пешева, успешна бизнисменка и почесен конзул на Канада во земјава, која е позната и по тоа што секогаш отворено ги коментира општествено политичките случувања во земјава, денеска преку својот фејсбук профил излезе со многу интересен став во пресрет на утрешниот ден на чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, за кога се очекуваат тензии.
„Чуваме гробови кои се стари повеќе од еден век, во 21 век. На сите ни фали психијатар. Сигурно има во психијатријата дијагноза за ваквата наша, а и на соседите состојба.
Мора, а и крајно време е да се концентрираме на иднината на нашите деца. На пример: Зошто се отпишале 235 ученици во основно образование, а од нив 182 се преселиле во странство, од Куманово? Другите во други општини. Можеби од тие иселени млади од основно ќе станеше некој нов Гоце Делчев, кој ќе знаеше што е DOTA2,3,4,5 и ќе не извлечеше од сиромаштијата на духот.
Ова е многу сериозна тема, а се другото се глупости, храна за сиромав народ“, напиша Пешева на својот фејсбук профил.