Д-р Горан Ковачев од Развојната банка на Република Северна Македонија имаше гостинско едукативно предавање пред студентите од Факултетот за економски науки како дел од предметот Банкарство, при што говорејќи за почетоците на банката истакна дека нејзината мисија е преку понуда на финансиски производи да се создаде амбиент за подобрување на конкурентноста, поддршка на извозот, економски раст и развој на домашните компании;
АУЕ – ФОН секогаш настојува да овозможи предавања од страна на партнери на униврзитетот, преку кои нашите студенти имаат можности да ја прошират теоријата, односно да се збогатат со искуства и знаење пренесени од страна на професионалци од различни области;
Деканот на Факултетот за економски науки, проф. д-р Саво Ашталкоки, истакна дека Универзитетот во текот на образовниот процес на студентите секогаш ќе настојува да изнаоѓа механизми за продлабочување на нивните знаења, со цел да бидат подготвени за предизвиците со кои што ќе се соочат во реалниот свет;
Повеќе на https://bit.ly/3BfaKD0