Во член 12 стои само кој утврдува дали кандидатот ги исполнува условите.Во истиот закон стои и пропишана казна до 3 илјади евра, доколку некој дозволи полагање на кандидат кој не ги исполнува условите.Антикорупциската комисија само откри дека, од документацијата со која располагаат, Барлет Џафери студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не им се совпаѓа потребното време од стекнувањето на кредитите до можноста да се полага правосуден испит, но се оградија дека тоа не можат да го потврдат затоа што во Министерство за правда не се чува целата документација. Од Министерството го открија датумот кога полагал правосуден испит, но се оградија затоа што ова се случувало во време на друг министер.Тогашниот министер Аднан Јашари, вчера во телефонски разговор ни рече дека не знае ништо за случајот. Тврди дека, иако неговиот потпис стои на тие уверенија, ниту еден министер не е должен да ги проверува документите на кандидатите, а тоа не е работа ниту на комисијата пред која тие полагаат.Коментар за ова деновиве нема ниту од синот, ни од таткото Џафери, а лидерот на ДУИ ги упати новинарите сами да го истражат случајот.