„Тврдењата се неточни“. Ова е единствениот коментар од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, откако синоќа потпретседателот на најголемата опозициска партија изјави дека, мотивите зад државјанството на украинскиот контоверзен бизнисмен се многу подлабоки од тоа што првично се добива како впечаток.Опозицијата бара одговорност и поради отсуството на внатрешна контрола во АНБ, но и од министерот за внатрешни работи, од причина што се дадени неточни податоци од страна на Онишченко, а од МВР кои се одговорни за ова не ги провериле податоците. Поради клановски пресметки во СДСМ, велат, најважната безбедносна служба е обезглавена, а власта не си прави кворум сама на себе во собраниската комисија во која има мнозинство.