Според изданието од 18 декември 1961 година на Паблик Рилејшнс Њуз, станало вообичаено за полицијата да го нарекува денот после Денот на благодарноста  „Црн петок или Црна сабота” поради главоболките на овие два дена поврзани со големи турканици и сообраќај.Во 1975 година, текст на Асошиејтед прес цитира менаџер за продажба од продавницата Гимбелс, кој бил сведок како полицајците се обидувале да воспостават контрола на луѓето што ја поминувале улицата надвор од пешачки премин, дента после Денот на благодарноста.Затоа возачите на автобуси и таксистите го нарекуваат денешниот ден Блек фрајдеј. Тоа е во смисла на главоболките што им ги создава, рекла таа.Мајкл Лисицки, кој има напишано неколку книги за историјата на продавниците, за Асошиејтед Прес потврдил дека името Блек фрајдеј е поврзано со полициските службеници во Филаделфија кои се обидувале да ги контролираат гужвите после Денот на благодарноста.Никогаш не наидов на конотација дека Блек фрајдеј потекнува од ‘продажба на робови’, изјавилЛисицки.Терминот, исто така, е поврзан со продавачите и бинзнисите кои, пак, велат дека Блек фрајдеј е репрезент на времето кога нивните профити се зголемуваат.

 

И проверувачите на факти на Политифакт дошле до сознанијата дека Блек фрајдеј нема поврзаност со ропството. Истото го пишуваат и проверувачите на факти на Франс Прес.Во екот на празничните купувања во САД, а и ширум светот, сè почесто овој невистинит наратив се појавува баш околу Блек фрајдеј за да ги обесхрабри купувачите пласирајќи им невистинита теза за потеклото на зборот и за наводната скриена порака на денот. Името и денот се поврзани со американските традиции околу Денот на благодарноста и капитализмот.Професорот по историја Алберт Грундлинг од Универзитетот Стеленбош исто така посочува дека терминот Блек фрајдеј има корени од Америка.Во суштина, Блек фрајдеј е обид на Американците после Денот на благодарноста да ги префрлат профитите од црвената во црната зона, односно од загуба да влезат во профит, така што повеќе е поврзан со банкарските салда, вели тој.Според друга теорија, потеклото на терминот е од 1951 година и се однесува на денот после Денот на благодарноста кога работниците не оделе на работа.Многу од американските работници имале слободен ден, што било добра шанса за бизнисите да ја отворат сезоната на трошење поврзана со празниците на начин што ќе ги намамат во своите продавници, пишува Франс Прес.Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина оти Блек фрајдеј е термин поврзан со ропството и црнците од Африка.