ПОСЛЕ ТОЧНО 100 ГОДИНИ…
После српската окупација на Македонија, во 1922 година СПЦ си ги присвојува македонските епархии… а во 1923 година во Охрид во нашиот македонски Пресвет Храм Св. Софија служи српски Патријарх со објава за освоената територија и Црква во Македонија… После точно 100 години, СПЦ во 2022 година ја признава афтокефалноста на МПЦ ОА, а денес во 2023 година повторно српски Патријарх служи на истото место, но овој пат да објави враќање на освоеното во Македонија на Македонците!
Србија продолжува со правилната и мудра политика кон Македонија и Македонците, со што повторно ги освојува нашата Црква и народ… историјата се повторува, секогаш!
Бугарија продолжува со истата тикварска политика кон Македонија и Македонците од пред 100 години… со што наместо Црква мајка, таа комплет ги изгуби нашата Црква и народ… историјата се повторува, секогаш!
Што мислите, кој е попаметен во политиките кон Македонија, Србија или Бугарија?!? А ние Македонците… ние да си гледаме нашето македонското, Свои на своето!
#своинасвоето #МПЦ #ОА