Уставите измени кои се пред нас не се последната голема и тешка одлука во однос на одлуките кои следуваат за зачленувањето во ЕУ. Кога ќе дојде извештајот од скринингот на Поглавјето за владеењето на правото, ние пак ќе имаме закони за кои ќе треба двотретинско мнозинство во однос на унапредувањето на правосудниот и на обвинителскиот систем, но и на многу други области во општеството. Не можеме пред секоја одлука да одиме на избори како што тоа го бара опозицијата, тоа не е начин, рече премиерот Димитар Ковачевски.