Српското собрание закажа посебна седница за состојбата во Босна и Херцеговина по вчерашаната судска одлука со која престедателот на српскиот ентитет Милорад Додик беше осуден на една и пол годишна затворска казна и 6 години забрана за вршење политичка дејност. На оваа седница која треба да се одржи во средината на март ќе присуствува и самиот Додик, кој, како што е најавено ќе ги запознае од прва рака српските пратеници за состојбата во Република Српска. По пресудата против Милорад Додик, синоќа во Бања Лука пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ, кој по средбата на двајцата лидери најави дека се договориле кои ќе бидат идните чекори во насока на намалување на тензиите кои беа предизвикани од судската одлука. Имено, Додик се закануваше дека доколку биде прогласен за виновен ќе повлече радикални политички чекори, најавувајќи меѓу другото, отцепување на Република Српска од федерацијата и можно припојување кон Србија.
Токму овие закани, како и демонстрација на поддршка беа и причините зошто Вучиќ синоќа експресно допатува во Бања Лука. Од нивните разговори произлезе и ретерирањето на Додик да презема радикални чекори и да започне да води дијалог.
Додик изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права што ги стекнал.
Тој најави подготвеност за разговари и за тешки теми, како што се судот, обвинителството и сè останато. Инаку, федералниот суд на Босна и Херцеговина (БиХ) го осуди обвинетиот Милорад Додик на една година затвор, како и мерка на безбедност забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во рок од шест години, од правосилноста на пресудата под обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Судот го ослободи од обвинението вториот обвинет в.д директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ. По објавената пресуда Додик излезе пред насобраните симпатизери и најави радикални чекори на неговото раководство како одмазда за оваа одлука на Федералниот суд, и ги повика своите симпатизери да пријават во полиција доколку го видат спцејалниот пратеник Кристијан Шмит, бидејќи, како што смета Додик, нелегално ја врши својата функција специјален меѓународен пратеник. Додик и Лукиќ се товарат дека преземале дејствија од 1 до 9 јули 2023 година, знаејќи дека високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, донел одлука со која го спречил влегувањето во сила на Законот за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ од 1 јули истата година, како и на Законот за стапување во сила на Законот за јавна РС, со цел продолжување на законодавната процедура, без примена и неспроведување на одлуките на високиот претставник.
Станува збор за првостепена пресуда, која сè уште не е правосилна, а ќе стане таква откако одбраната и обвинителството ќе поднесат жалби и конечната одлука ќе ја донесе второстепениот совет на Судот на БиХ. Второстепената пресуда треба да биде изречена до крајот на оваа година. Ако правосилната пресуда е иста со првостепената, тоа значи дека Додик нема да може да ја извршува функцијата претседател на Република Српска во наредните шест години. Кога станува збор за затворската казна, со оглед на тоа што е осуден на една година затвор, според сегашниот закон ќе може да ја откупи за приближно 36.000 км. Доколку плати 23.000 евра или 36.000 конвертибилни марки – Додик нема мора да оди во затвор, но ќе му остане казаната да несмее во наредните 6 години да се занимава со политика и со тоа нема да може да продолжи да ја обавува функцијата претседател на Република Српска. Целата анализа во видеото погоре во текстот.