Прес-конференција, Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ:Ако денес не успеавте да стигнете на вашиот однапред закажан лекарски преглед. Ако денес не успеавте да го огнесете вашето детенце во градинка или во училиште. Ако денес не успеавте да стигнете на вашето работно место или на факултет и притоа во гужвата видовте заглавено возило на пожарна или на брза помош сетете се дека позади овие блокади и хаос стојат луѓе со име и презиме.Еве едно потсетување. Оваа слика е направена на денот на локалните избори лани, пред околу една година. Направена е пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ.