Како да заштедиме електрична енергија и да имаме пониски сметки?Најпрво, мораме да пресметаме колку трошат апаратите во домот и да направиме план за штедење. Планот треба да вклучува повеќе мерки со или без вложување. Со постојано внимавање можеме да постигнеме големи заштеди и да останеме во пониските тарифни блокови.Планот на заштеда започнува со анализа на потрошувачката на уредите во домот како и идентификување на историјата на потрошувачката по сезони. Мерење или проценка на потрошувачката на апаратите во домот, мерки, со и без инвестиција, како и спроведување, коригирање и надоградување на истиот.Мерење или проценка на потрошувачката на апаратите во домот може да се реализира на два начини, со уред што ќе ја измери потрошувачката на секој од апаратите или да се прочита моќноста на уредот од упатството/прирачникот за користење на истиот.
Со утврдување на најголемите потрошувачи во домот може да се развие план за штедење, кој може да биде комбинација од мерки за рационално користење на уредите, адаптирање според тарифникот за енергија (користење на апарати во ниска тарифа) како и инвестиции за заштеда.Планот треба да се прилагоди на расположливиот буџет и на местото каде што има најголем потенцијал за заштеда – кај најнеефикасните и најголемите потрошувачи да се воведат најсериозни мерки. Доколку планот вклучува инвестиции, истите не треба да бидат еднократни, туку постепени. Инвестициите исто така треба да се распределат по приоритет.Планот треба да биде спроведен од целото семејство и по потреба да биде коригиран и надополнуван се со цел дополнителна заштеда.