Завртките кои беа прикачени со суперлепак ја држат изолацијата на цевките со течноста што го лади нуклеарниот реактор.
На британска нуклеарна подморница, која се ремонтира веќе седум години, пронајдени се завртки закачени со суперлепак. Тоа откритие сериозно го „збеснa“ шефот на британското Министерство за одбрана, Бен Валас, барајќи состанок и „гаранции за идните работи“ пренесува „The Sun“. Завртките кои беа прикачени со суперлепак ја држат изолацијата на цевките со течноста што го лади нуклеарниот реактор. – Тоа е срамота. Не можете да ги намалувате трошоци кога станува збор за нуклеарно гориво. Стандардите се стандарди. Нуклеарните стандарди никогаш не се компромитирани – велат извори за „The Sun“. Британската морнарица ќе ги испита работниците кои ја поправаат „Vanguard“, една од четирите нуклеарни подморници во британската морнарица, пренесува „The Sun“.