Градоначалничката Елке Кар во изјава за медиумите рече дека осомничениот вооружен напаѓач е меѓу настраданите. Портпарол на полицијата, пак, изјави дека тој бил ученик во училиштетоНајмалку девет лица се убиени во пукање што денеска се случи во средно училиште во австрискиот град Грац, пренесува Би-би-си.Австриската полиција соопшти дека пукањето се случило во федералното средно училиште „Драјершуценгасе“, северозападно од градот Грац, недалеку од главната централна железничка станица.
Полицијата во Грац соопшти дека неколку лица се убиени, но не го објави бројот на жртвите.Сепак, австриските медиуми објавија дека најмалку девет лица се меѓу настраданите, вклучувајќи го и осомничениот вооружен напаѓач. Меѓу жртвите се ученици и наставници во училиштето.
Градоначалничката на Грац, Елке Кар, во изјава за медиумите рече дека осомничениот вооружен напаѓач е меѓу настраданите.Портпарол на полицијата, пак, изјави дека тој бил ученик во училиштето.Во справување со состојбата на терен полицијата ја распоредила својата специјализирана тактичка единица „Кобра“, која се справува со напади и заложнички ситуации.Повредените ученици се прегледуваат во блиската концертна и изложбена сала. Во дворот на училиштето се наоѓаат медицински екипа, а на располагање е и хеликоптер за пренос на повредените.Грац е втор по големина град во Австрија и се наоѓа на околу 200 километри од главниот град Виена.