11.8 C
Скопје
25/04/2024 16:08
МАКТЕЛ

  

     

 

(ВИДЕО) Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите, унапредени здравствени услуги и социјални сервиси ја одбележаа 2022 година

      

   

 

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ беше и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата, новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.Министерот за здравство, Беким Сали зборуваше за дигитализацијата и колку таа може да придонесе за унапредување на здравствениот систем, со посебен фокус и на реформите во примарната здравствена заштита, кои се меѓу врвните приоритети на Министерството за здравство изминатиот период, а воедно се инкорпорирани во Стратегијата на министерството за периодот 2021-2030 година.

 

„Во завршна фаза на пуштање во употреба е мобилната апликација и порталот за пациенти „Мое здравје“. Преку порталот и мобилната апликација секој граѓанин ќе има можност за увид во своите податоци од националниот систем Мој термин. Пристапот ќе биде единствениот профил од порталот за Е-услуги. Меѓу позначајните инвестиции реализирани минатата година, сакам да го истакнам и зајакнувањето со нова апаратура за дијагностика, како што е набавката на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, за кои инсталацијата е во тек, обезбедени се во соработка со Светска банка, вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 13.6 милиони евра. Со поддршка на СЗО, почна и амбициозен процес за реформа на системот за примарна здравствена заштита, со цел да се модернизира и  да се внесе во дигиталната ера, да се интегрираат услугите со други области на здравствениот систем и да го преориентира пристапот да се фокусира на опслужување на заедниците и пациентите место на лекување на болести“, истакна министерот Сали.

   

     

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на антикризните мерки наменети за најранливите категории на граѓани, новата методологија за раст на минималната плата и пензиите, како и за социјалните услуги и сервиси кои се во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Го донесовме Законот за минимална плата. Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, имаме двојно зголемување од 2016 година. Со новото усогласување во месец март, очекувањата се дека таа ќе биде повисока за околу 2.000 денари и ќе продолжи да расте. Во месец март очекуваме и ново зголемување на пензиите.  За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. Ja зголемивме висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници, а со усогласувањето на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот, корисниците на правата со исплата за месец јануари ќе добијат за 14.2 % повисоки права. Социјалните услуги ги спуштивме на локално ниво. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги подржан од Светска банка, досега се доделени грантови за 34 проекти кои се спроведуваат во 41 општина. Обезбедивме и нивна одржливост со склучување на управни договори и финансирање од министерството. Отворени се центри за згрижување на жртви од семејно насилство во сите плански региони“. истакна министерката Тренчевска.

Масимилијано Паолучи, директорот на Светка банка во Република Северна Македонија, зборуваше за постигнатите резултати во проектите поддржани од Светска банка во социјалната, детска и здравствена заштита.

„Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги, министерството започна 16 инфраструктурни проекти – детски градинки, кои се во напредна фаза на изградба или се завршени и кои обезбедуваат опфат на нови 2.000 деца. Детските градинки се економични и енергетски ефикасни, во согласност со најдобрите меѓународни практики и националните регулативи. КОВИД-19 не научи да бидеме подготвени и одговорот на земјата е добар колку е подготвен системот. Во време на криза важно беше да им се помогне на лицата да ја пребродат кризата, преку обезбедување на ресурси за надминување на кризата. Истовремено работевме на јакнење на капацитетите на здравствените институции, пришто беа опремени 678 кревети од единицата за интензивна нега за пациенти со КОВИД-19“, истакна Паолучи.

Постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, зборуваше за важност на инклузијата во општеството и развивање на деинституционализацијата како процес, како и воспоставувањето на Меѓународната класификација на функционалноста.

„Во изминатите неколку години заедно постигнавме навистина значителни резултати што заслужуваат да се прослават. Политиките насочени кон кризите треба да се системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека и покрај предизвиците, нашиот пат ќе остане фокусиран на одржливиот развој. Во сферата на здравството, неопходно е да се проценат пречките до здравствените услуги во руралните и оддалечените места, а и во малите урбани населби за да се намалат нееднаквостите во здравството и да се придонесе за социјална кохезија, како и за отпорност и обнова на внатрешноста на земјата. Неопходно е да се работи и на менталното здравје на децата и адолесцентите, како и да се зголемат капацитетите и генералното знаење за имунизација. Зајакнувањето на процесот на дигитализација може значително да ги намали административните бариери и товар на здравствените работници, за да се зголемат услугите кон пациентите. Како и секогаш, семејството на Обединетите нации цврсто е подготвено да работи заедно со Владата и сите национални и меѓународни партнери за да придонесе кон зголемен квалитет на животот на луѓето што живеат во Северна Македонија“, истакна Дуџиак.

Советничката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за здравство, Ана Данева Маркова, зборуваше за механизмите на Владата за да го забрза пристапот до нови лекови и за мајчиното и здравјето на новороденчињата и здравствена заштита во Северна Македонија.

„Во последните неколку години Министерството за здравство направи голем напредок со цел да овозможи пристап до нови лекови за сите пациенти на кои им е потребна. За одредени видови болести како што се ретките болести, МЗ има развиено годишни програми каде врз основа на податоците за бројот на пациенти и потребите за лекување, буџетот се издвојува специјално за лекување. Многу е научено за предизвиците за подобрување на здравјето на мајките и новороденчињата во Северна Македонија со објавувањето на Мастер планот за пренатална нега за 2020-2030 година за подобрување на здравјето на мајката и новороденчето. Обезбедувањето подобро собирање и анализа на податоци ќе ја стави Северна Македонија во подобра позиција да ги открие празнините и тесните грла во обезбедената здравствена заштита и да ги реши за да го забрза националниот напредок во подобрувањето на здравјето на жените и децата“, потенцираше советничката Данева Маркова.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова се осврна на новата методологија со која пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината, вклученоста на пензионерите со пензии до 14.000 денари во антикризните мерки, како и помошта од 3.000 денари, која измината 2022 година ја добија сите 330.000 пензионери.„Сојузот на здруженија на пензионери продолжува да се залага за своите членови, но и сите пензионери. Носење на нова позитивна листа на лекови, функционирање на теренски лекар, подвижна аптека, покачување на границата до која пензионерите ќе бидат ослободени од партиципација за болничко лекување, се прашањата на кои заедно со релевантните институции ќе работиме во периодот кој доаѓа. Сојузот беше вклучен во носењето на новата методологија што е потврда дека Владата има слух за потребите на пензионерите“ , истакна Трајкова.

    

Најново

Бајден ја поддржува слободата на изразување на кампусите во САД

Sase Ivanovski

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКСО, УСПЕА ДА ГО НАДМИНЕ АРБЕН ТАРАВАРИ!

Sase Ivanovski

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Sase Ivanovski

ОВА Е ВИСТИНСКИ МАСАКАР ОД СТРАНА НА ИЗРАЕЛ: Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК

Sase Ivanovski

Историски прв пат СДСМ падна под 200.000 гласови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛДЕН АРТ: Од запуштен дел на метрополата, до еко-луксузен комплекс. Добредојдовте во комплексот Треска!

Sase Ivanovski

Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА ТХП, ЕНЕС ИБРАХИМ: СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈВАЖНО, МОРАМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ И ДА МУ ДАДЕМЕ СВЕТЛА ИДНИНА

Sase Ivanovski

Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз

Sase Ivanovski

Во СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената

Sase Ivanovski

Петковски: Развиваме култура на доброчинителство

Sase Ivanovski

30 години Маргина, 15 години Окно, на саемот на книгата, 20.04.24. Фото: Зоран Шекеров

Sase Ivanovski

ВИДЕО: “Ќе им оставиме бакшиш” Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ЛИ НОВА ВОЈНА?! БЕЛОРУСИЈА ТВРДИ ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ ОД СОСЕДНА ЛИТВАНИЈА?!

Sase Ivanovski

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Sase Ivanovski

Ордановски: Сега следува матемиката за вториот круг и парламентарните избори, разликата е голема, но не е некоја фантастична цифра

Sase Ivanovski

Во моментите кога не можев да пуштам глас, ниту солза се соочив апсурдни обвинувања, рече таткото на убиената Вања

Sase Ivanovski

Пендаровски го плати цехот на СДСМ

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг

Sase Ivanovski

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ: РАЗЛИКАТА МЕЃУ СИЉАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ФАНТАСТИЧНИ 182 000!

Sase Ivanovski

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ – „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

Sase Ivanovski

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

Sase Ivanovski

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА – од пиво добро се живее во Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е жолтиот картон, на 8 мај црвен картон за ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Sase Ivanovski

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

Sase Ivanovski

Мицкоски: На прагот сме да ја поздравиме историската победа со мнозинство пратеници, излезете и гласајте, гласајте за вашето семејство, за вашата Македонија

Sase Ivanovski

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ – од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

Sase Ivanovski

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Sase Ivanovski

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Sase Ivanovski

Николоски: Ова не е 2001 година, а и ова ВМРО-ДПМНЕ е многу поцврсто и посилно од 2001 година, сега ќе има одговорност!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ќе има ред и правда, европската иднина носи функционално владеење на правото

Sase Ivanovski

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

Sase Ivanovski

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

Sase Ivanovski

МВР: 108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Нови трговски мамки: Не барајте фискална сметка и ќе добиете попуст од 20 отсто!

Sase Ivanovski

Народната банка учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Sase Ivanovski

Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Младите се нашата иднина, 5000 денари младински додаток и европски плати дома

Sase Ivanovski

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ЗА КОГО НАВАЛНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ РАЗМЕНЕТ? Красиков има чеченско потекло, а убил човек среде Берлин

Sase Ivanovski

Ромите за Демократија: Членови на партијата СДСМ се заканува на Ромите набљудувачи на изборите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!

Sase Ivanovski

За лажната дилема Албанец претседател и премиер

Sase Ivanovski

Ефектот од првиот круг на претседателските избори

Sase Ivanovski

Меморандумот со кој му се претставивме на светот во август 1991

Sase Ivanovski

Рехабилитација на референдумско прашање од 1991

Sase Ivanovski

Има ли надеж?

Sase Ivanovski

ЕУ бара истрага за масовните гробници околу болниците во Газа, поради можно кршење на човековите права

Sase Ivanovski

Инцидент во училиште во Јужен Велс: Повеќе луѓе се прободени со нож

Sase Ivanovski

„СИТЕ ЖРТВИ СЕ ОФИЦЕРИ, ТАМУ НЕМА ВОЈНИЦИ“ Седуммина руски старешини загинале од украински напад

Sase Ivanovski

ГРАД ГО УБИ БЕЛГРАД! Силно невреме ја погоди српската метропола

Sase Ivanovski

ИНТЕРНЕТ НАРАЧКА ОД НЕПРОВЕРЕНА ФИРМА ГО ЧИНИ 21.000 ЕВРА Тетовски газда тврди дека е измамен од странска трговска фирма

Sase Ivanovski

БОРИС БЕКЕР ПОВТОРНО ИМА „БОМБА“ ПОКРАЈ СЕБЕ Убавата Лилијан го чекаше да излезе од затвор

Sase Ivanovski

Уапсена мрежа на шверцери во БиХ: Превезувале мигранти во Хрватска, за што заработиле 3 милиони евра

Sase Ivanovski

ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за убиството на Данка бил убиен во затворот, новите детали отвораат нови сомнежи

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКО-АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК БЕЗ ЕДНА РАКА МОЛИ ЗА СПАС Хамас објави видео од еден од киднапираните во нападот на 7 октомври

Sase Ivanovski

Врховниот суд на Грција ја отфрли кандидатурата на радикално десничарска партија Спартанци за учество на евроизборите

Sase Ivanovski

Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски

Sase Ivanovski

Аргентина бара апсење на ирански министер поради бомбашкиот напад во 1994 година

Sase Ivanovski

Мицкоски е подготвен да разговара со Таравари за нова Влада – му честитал за резултатот

Sase Ivanovski

МАЈКО МИЛА, ПОТОП: РАЗЛИКАТА МЕЃУ СИЉАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ СЕ БЛИЖИ ДО 180 000 ГЛАСОВИ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОКРАЈ СДСМ И ПЕНДАРОВСКИ, ЛЕВИЦА И ВАНКОВСКА СЕ НАЈГОЛЕМИ ЛУЗЕРИ ВЕЧЕРВА – АПАСИЕВ: ВМРО ТОНЕ, НИЕ РАСТЕМЕ?!?!

Sase Ivanovski

И МАКСО СЛАВЕШЕ ВО КУМАНОВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

(Фото) Мицкоски ја пееше „Бисер балкански“ со поддржувачите пред партиското седиште

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Sase Ivanovski

КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ ОД ИЗБОРИТЕ: ВМРО ги изгази СДСМ, ДУИ ги изгази ВРЕДИ, Максо ги изгази Левица, ЕУ веќе станува невозможна мисија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЈА ПРИФАЌАМЕ КАЗНАТА ОД НАРОДОТ, ОВА Е ТЕЖОК УДАР ЗА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА ДРЖАВАТА, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ, ИМАМЕ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ БИТКА

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ВИНАТА ЈА ПРЕФРЛИ КАЈ КОВАЧЕВСКИ: СДСМ Е ВО ЛОША КОНДИЦИЈА, ЗАТОА Е ВАКВИОТ РЕЗУЛТАТ, ЈАС СЕ ОБИДОВ НЕШТО ДА ПОПРАВАМ НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski

Груби очекува над 20 пратеници – Ќе ослободува окупирани општини

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕВСКИ ПОБАРА ОД ПЕНДАРОВСКИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ТРКАТА, РАЗЛИКАТА БИЛА ПРЕГОЛЕМА?!

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Се роди третата политичка сила во политичкиот блок

Sase Ivanovski

Касами: „Влен“ е легитимен претставник на Албанците, не е голема разлика во мандати со ДУИ

Sase Ivanovski

ЗОРАН ИВАНОВ: Мнозинството граѓани денеска решија да ја запрат својата Татковина на ЕУ патот но, нели, народот е во прaво и кога греши!!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: НЕ ОЧЕКУВАВ ВОЛКУ ЛОШ РЕЗУЛТАТ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ТОА ВО ШТО СИЛНО ВЕРУВАМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пендаровски: Од утре е нов ден, почнуваме од нула

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВЕТИВ 100 000 РАЗЛИКА, А ЌЕ ПОБЕДИМЕ СО 170 000 РАЗЛИКА! ДЕНЕСКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОКАЖА ДЕКА СИ ЈА САКА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВО ЖИВО: СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ИМ СЕ ОБРАТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Sase Ivanovski
Вчитувам....