Сите економски параметри покажуваат дека македонската економијата оди надолу. Животниот стандард на граѓаните опаѓа, народот има се помалку пари. Трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%, повторно расте инфлацијата. Потрошувачката кошница достигна 63.773 денари. Сега за едно семејство да преживее, му требаат три минимални плати. Владата не само што не помага, туку ја игнорира реалноста а граѓаните ги остава сами. Социјалниот дијалог е уништен. Владата го блокираше функционирањето на Економско-социјалниот совет и одбива да ги слушне барањата на работниците за поголеми плати. Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра, но Владата ги игнорира. Работниците се мачат со големата скапотија, со огромните сметки за струја, не можат да си дозволите основни намирници.
Вината е кај оваа неспособна власт на Мицкоски и ДПМНЕ. Затоа што решенијата постојат, СДСМ ги понуди но тие одбиваат да ги применат. Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември -1,4%, а во септември минатата година падот беше цели -7,9%. Ова не се само статистики – ова значи затворени фабрики, изгубени работни места, семејства оставени без приходи. Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира, а за оваа дупка во буџетот, повторно ќе плаќаат граѓаните. Почитувни, граѓани, работници, вие го живеете ова секој ден. Владата ја уништува економијата и ви го зема животниот стандард. Вие го носите товарот на нивната неспособност! СДСМ нема да остане пасивен набљудувач! Ќе продолжиме да предлагаме закони и мерки кои ќе ви помогнат, но Владата мора да се освести и да ги прифати! Доста беше економски хаос, време е за конкретни решенија. СДСМ е со вас, ќе се бориме за секој работник, за секој граѓанин, за подобар живот!