На конкретното прашање, дали раководам со партиска или државна полиција ќе ви кажам: Раководам со Министерството за внатрешни работи, институција којашто според закон и според сите норми коишто се на сила, не може да биде партиска. Таа е избрана во македонскиот парламент, од претставници на граѓаните на Република Северна Македонија и тука врз основа на волјата на мнозинството пратеници сум избран како раководител на министерството и сум должен да работам спрема сите еднакво. Ако треба да бидат заштитетни, тогаш ќе бидат сите еднакво заштитени, ако треба да носат одговорност, да носат одговорност.