Во буџетот за 2023, како гломазен нема предвидено ниту средства, ниту има стратегија како ќе се реши проблемот со пласманот на земјоделските производи.Доколку власта е неспособна да организира продажба надвор од државата, тогаш може да обезбеди откуп од нивите и барем во рамки на Република Македонија народот да плаќа поевтин зеленчук и овошје.Сега како што е народот плаќа скапа храна. Произведеното од земјоделците скапува на нива, а на пазарите и маркетите има скапа увозна храна, овошје и зеленчук.
Почитувани,Буџетот за земјоделие за 2023 година, со која власта денес се фали ќе заврши во џебот на луѓето околу Николовски, Ковачевски и Ахмети, но не и кај вистинските земјоделците. Нема пари за исплата на заостанатите субвенции, нема пари за инвестиции во земјоделството, нема пари за инвестиции во водостопанството, ниту за исплата на штетите од временските непогоди во изминативе неколку години.Земјоделците од Стајковци, од Ресен, од Тиквешијата од цела Македонија и по 5 години чекаат субвенции и надомест на штети на своите посеви и насади.Ќе чека и Екрем од Арачиново, ќе чека и Трајче од Струмица, затоа што Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски заедно заедно со Али Ахмети имаат други приоритети, но не и решавање на реалните проблеми.