Холивудскиот актер Алек Болдвин доживеа мошне непријатна ситуација кога комичар го исмејуваше пред неговата куќа поради трагедијата на снимањето на филмот „Рѓа“, во која Болдвин ја застрела снимателката. Во една напната средба, Болдвин се закани дека ќе му го скрши вратот.
Холивудскиот актер Алек Болдвин доживеа мошне непријатна ситуација кога комичар го исмејуваше пред неговата куќа поради трагедијата на снимањето на филмот „Рѓа“, во која Болдвин ја застрела снимателката. Во една напната средба, Болдвин се закани дека ќе му го скрши вратот. Џејсон Скуп, кој го имитира Доналд Трамп во видео споделено на социјалните мрежи, почнал да го провоцира актерот додека го истоварувал багажот од својот автомобил пред својот дом во Њујорк. „Алек, тоа е твојот омилен претседател!“ извика Скуп, алудирајќи на познатото имитирање на Трамп на Болдвин во „Сабота вечер во живо“.
Потоа продолжил во обидот да го имитира гласот на Трамп: „Види, Алек, ќе ти понудам целосно помилување затоа што сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување за убиството на таа жена – ако го бакнеш прстенот“. Скуп тогаш го кренал големиот прстен и повеќепати побарал од Болдвин да го бакне. „Ако не сакаш помилување затоа што ладнокрвно ја уби таа жена – тоа можеш да го наречеш убиство од прв степен, можете да го наречеш како сакаш, но тоа не беше добро. Таа сега ме гледа од горе, насмеана, среќна и вели: „Ви благодарам што се соочивте со човекот што ме уби“, продолжил тој, зборувајќи во стилот на Трамп.
Болдвин молчел поголемиот дел од времето, но на крајот го прекинал она што го правел, му пришол до Скуп и му се внел во лице. „Погледни ме. Сакам да ме погледнеш. Имаш камера на мене овде? Дали сфаќаш дека моите деца живеат во оваа зграда? Сакам да знаеш нешто. Сакам да бидеш многу внимателен. Да не беше оваа камера тука, би го скршил твојот врат на половина. Го знаеш ти тоа, нели?“, рекол Болдвин, видно налутен. Потоа продолжил да го растовара багажот, додека Скуп продолжил да зборува во стилот на Доналд Трамп. Болдвин на крајот повеќепати му рекол да си оди, заканувајќи му се дека „ќе му ја бутне камерата на задникот“.
Да потсетиме, пред три години Алек пукаше со пиштол на снимање и уби снимателка. На крајот на минатата година тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Судијката Мери Марлоу Сомер го отфрли обвинението, наведувајќи дека обвинителите и полицијата не успеале да го докажат потеклото на куршумот што ја уби Хачинс. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на снимањето, е осудена на 18 месеци затвор бидејќи по грешка наполнила вистински куршум, кој Болдвин го употребил за време на снимањето.