„Каква и да биде разврската, сите очекуваме позитивна, а не негативна, ние влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет и ние тука ќе треба да знаеме каде сме. Македонија треба да ги прави уставните измени за да си даде шанса да го почне и заврши целиот процес на преговарање. Ама во Македонија има и многу вакви сали кои што имаат дилема и проблемот е дека честопати дискутираме сами за себе. Оваа група дискутира и вели нема алтернатива, а другата група вели дека нема алтернатива. Мислам дека правиме грешка. На оние коишто се противат на промената на Уставот од било која причина, мислам дека треба да им стане јасно дека ќе си изиграме автогол“
„Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа се грешки што имаат цена, но кога малите земји прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека ни претстои тешко лето, треба да знаеме каде сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата – дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е – да“.
„Тезата дека нема алтернатива, не функционира. Знам дека не е добро пред консензус еден јас да одам спроти ветрот ама навистина сметам дека треба не само оваа сала туку многумина што се силно посветени на измените на Уставот, да го разберат и оној дел од граѓаните што денеска велат не. Да, главно се Македонци, но без разлика на етничката структура, тој број не е за потценување. Најголем дел од луѓето што денеска велат дека се против уставните измени, не се против ЕУ“.