Поранешниот министер за финансии, бизнисменот Борис Стојменов, завчера гостуваше во емисијата Во Центар, кај новинарот Васко Ефтов и проговори на многу теми од изминатите 30 години. Особено внимание во јавноста, предизвика со изјавите за поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. На прашањето на новинарот Ефтов, зошто бил сменет од министер за финансии и дали е точно дека зел еден милион марки мито од грците за продажба на Стопанска банка, нешто што го тврдел Љубчо Георгиевски, Стојменов одговори: Јас не сум зел пари од грците, но знам дека Георгиевски и екипата околу него се залагаа за да ја продадат Стопанска банка, на друга компанија, која отворено нудеше мито. Десет милиони за партијата, два за мене.
Па јас ако сум бил по тие работи, сигурно ќе сум прифател два, наместо еден милион, како што ми импутираат. Така да, нема ништо од тоа, тоа не е точно. Нека покаже документ Георгиевски. Јас кога ме менуваа од министер не ни знаев за тоа. Кога стигнав во Собрание, не ме пуштија во салата и тогаш дознав дека ќе бидам сменет. Не знам зошто ме сменија, но претпоставувам. Најверојатно им пречев во шемите со пари, рече Борис Стојменов. На новинарската забелешка дека Георгиевски сега е средно богат бизнисмен, Стојменов одговори: „Средно богат? Не, тој е многу богат. Едно десет пати побогат од мене – сигурно!“, рече меѓудругото Стојменов, во интервју кај Васко Ефтов.
Денес, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи Љубчо Георгиевски и одговори на ваквите наводи на Борис Стојменов: „Во врска со интервјуто на Борис Стојменов: -Интервјуто треба да се анализира преку очите на еден докажан соработник на Удба. Во време на лустрацијата прво го објавиа неговото име па го повлекоа.А легендарно беше неговото снимено од камери влегување во Архивот.па после неколку часови да излезе преку прозорец од задната страна на зградата.И фројдофска му е изјавата: Сите во раководството на Вмро беа соработници на службите!!! – На првите избори бил кандидат на партијата на Југословените. – Стојменов припагаше на бугарофилското крило и со тоа се гордееше,постојано беше во нивно друштво. Прв пат сега го слушам дека се одрекува од родениот чичко Алекса Стојменов десна рака на Ванчо Михаилов. Тоа му беше влез во Вмро и постојно ја истакнуваше таа врска.По вракањето од Флорида македоци со кои се сретнал испратија писмо во Вечер дека ги убедувал за во општата историја со Бугарија. Најверојатано како агент првокатор.
-Тешка државна ди верзија е дека Милошевич дал согласност за декларацијата за самостојност. Стојменов го предводеше и финансираше ударот за пад на владата на Вмро два месеци пред на па дот на УЧК.Тоа беше обид за државен удар.Парите на купените пратеници лично им ги давал тој. Во фирмата на Стојменов бевме вработени неколку луге од раководството но парите ги даваа други фирми. Стојменов никогаш не донел никакви пари во кеш во партијата ниту пред изборите ниту како министер. Стојменов имаше монопол заедно со Бишев во преговорите за приватизација на Стопанска Банка. И примањето на мито за најмалку милион евра е чисто. Постои документ за трансфер на парите. Стојменов беше активен во притисокот Змејковски да се смени зошто ја срами партијата. Во судирот пред изборите беше на страна на Димовска. Стојменов беше сменет затоа што си направи неколку крупни бизниси за себе.Но изатоа што ММФ И Светска банка отворено ме претискаа дека со него не можата да се разберат и дека е антиреформатор. На пример го кочеше ДДВ-то. И да не должам со деманти зошто 80 проценти се измислици од типтот ми бил возач кога сум одел кај мутигруп или тој победил за кандидат за претседател!!!“