Ексклузивно погледнавме какви услови ќе имаат пациентите во овој единствен објект и по намената и по опременоста. Специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски” е објект од 2200 квадратни метри на влезниот булевар во Штип, кој во време на изразена економска криза се изгради релативно брзо за само една година и седум месеци.
Целиот плац е 5000 квадрати, а болницата ќе има поликлинички дел, две оперативни сали и лапароскопска хирургија, современа лабораторија за дијагностички анализи, отворена за сите пациенти, не само за тие на болницата, потоа родилна сала и оддел за неонтологија, оддел за стерилизација и еден од највиталните делови на оваа здравствена установа – одделот за инвитро оплодување. Има и огромна чекална од 230 квадрати со отворен дел со поглед на собата на новороденчињата.