Ова очајно друштво на некакви политички претенденти, веќе подолго време покажувајќи го својот очај и некреативност се занимава со некреативни очајни монтажи со моето име во недостиг на идеја и програма што може да ја понудат пред граѓаните.
Очекувам повеќе од СДС на некоја нивна чајанка да поработат на креативноста но и на понудата пред граѓаните за локалните избори кои следуваат како и на својот рејтинг кој ги руши сопствените рекорди и доживува историски дебакл од околу 6%.