Оттука повторно побаравме информации од Владата, инсистирајќи да ни ги достават имињата на сите кандидати кои конкурирале, а не само предлогот кој ќе го добијат од Министерството за правда. Но, од таму уште еднаш одбија да ги откријат имињата, кои се борат за државна функција, со изговор дека тоа не можат да го сторат во оваа фаза од постапката.-Владата на Република го објави огласот за избор на државен правобранител и на истиот имаа право да аплицираат сите заинтересирани лица/граѓани. Со цел да не се влијае на текот на постапката и да не се влијае на изборот со што некој од кандидатите би се довел во поповолна или во понеповолна положба, во овој момент не може да се објават имињата на кандидатите кои аплицирале на огласот, ни посочија од Владата.Оттука останува нејасно зошто Владата ги држи во тајност кандидатите, бидејќи не станува збор за класифицирани информации, туку за имиња на граѓани кои сакаат да станат државен правобранител, односно претендираат за јавна државна функција.Според објавениот оглас државен правобранител може да биде лице кое исполнува неколку услови и тоа:Да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.Инаку кон крајот на август Владата го разреши правобранителот Стафа и тоа без да ја откријат причината. Од правобранителството пак истиот ден излегоа со соопштение дека Стафа си поднел оставка поради лични причини.