Бојковски потсети дека во 2012 година од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ биле набавени 300 автобуси и дека навистина можеби проблемот не се состои во набавувањето на автобуси туку изработка на физибилити студија со цел да се знае колку автобуси му се потребни на Скопје.
„Замислете во 2012 година како сите што знаеме Владата на ВМРО -ДПМНЕ купи повеќе од 300 автобуси од кои 260 беа големи автобуси и повеќе имаше и мали и мини автобуси. Замислете и со тие 250 до 300 автобуси што ги купи Владата во 2012 година со возниот ред имаше проблем значи можеби не е недостаток автобуси може е навистина дојдено време кога треба навистина да се изработи физибилити студија, ние навистина да знаеме колку автобуси му треба на Скопје“, рече Бојковски.
ВМРО-ДПМНЕ, Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје
„Скопје е град кој овие 15 години се изгради како во Центарот така и во приградските населби и села. Автобуските линии се стари повеќе од 40 години со мали интервенции и не одговараат на потребите на граѓаните, потребно е системско решение, предлагам да се направат физибилити студија за автобуските линии и за возниот ред што ќе важи за сите автобуси“, истакна советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски на денешната седница на Советот на град Скопје. Бојковски посочи дека целта на студијата е да се прикаже колку автобуси му се потребни на Скопје. „Целта на оваа студија да покаже колку автобуси му требаат на Скопје за потребите на граѓаните. Со новите линии ќе бидат поврзани населби што денес во пракса требаат два автобуси за да се поврзат тоа значи повеќе километри гориво но помалку автобуси и возачи пример, Бутел и Гази Баба со два автобуси, Гази Баба и Карпош со два автобуси се оди, Кисела Вода и Гази Баба со два автобуси и обратно“, рече Бојковски.