Господинот Васко Кичевски денес требаше да има прес конференција и да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела – Ковачевски – Данела Арсовска. Наспроти тоа тој имаше низа клевети кои беа насочени кон претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како поранешно инволвиран во паркинзи на Општина Центар имаме само да му порачаме на Васко Кичевски дека веднаш по промената на власта ќе има ревизија на пораките за паркинг и кривична одговорност за малверзациите направени со тој систем.