Од партијата велат дека градоначалничката не треба да бега, туку да одговори:-Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски?Дали на средбата Арсовска – Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов.И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.