Затекнав прилично незгодна ситуација, често пати зборувам дека тоа беше буквален хаос, истакна директорот на ЈП Национални шуми, Здравко Трајанов, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“. Тој, исто така, напомена дека 4 плати не биле исплатени, но и многу други обврски кои требале да им бидат исплатени на вработените, а со години биле заборавани од минатото раководство „Констатацијата дека 4 плати не беа исплатени, меѓутоа и многу други обврски спрема вработените, почнувајќи од теренски активности, ноќни часови и така натаму, тие не беа исплатени со години’’, нагласи Трајанов. Директорот Трајанов, говореше и за пожарите кои беа минатото лето насекаде низ државата, каде што напомена дека предизвиците ги решавале со блокирана сметки и неисплатени плати на вработените.
„Ние треба да ја чуваме шумата која е богатство на државата, но сето тоа беше доведено во прашање, затоа што блокирана сметка значеше парализа на претпријатието. Сигурно ќе ви текне на големиот шумски пожари и многу други неповолности кои ни се случија во тој момент ги затекнавме буквално со блокирана сметка’’, дополни Трајанов. Тој го истакна и изигрувањето со вработувањата во претпријатието, каде што се вработувале луѓе без искуство, односно се барале физички работници, а на нивно место биле ангажирани административци. „Прво биле примени како секачи, а потоа со задолженија биле преместени во администрацијата. На некој начин бил изигруван системот’’, заклучи Трајанов.