ВМРО-Народна партија ја поддржува иницијативата на премиерот Ковачевски да побара објаснување од МНР зошто нема паритетен однос и македонската национална телевизија да биде емитувана во соседна Бугарија.
„Но, во исто време сакаме да прашаме зошто овој паритет не се бара и од соседна Србија. Имено, во моментот на македонските кабелски оператори има меѓу 30-40 телевизиски канали што потекнуваат од нашиот северен сосед и во кои на мнозина од нив гледаме играни филмови и документарни емисии во кои окупацијата на Македонија се претставува како ослободување“, велат од оваа партија.
За волја на вистината, надвор од кабелските мрежи, Северна Македонија, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, има и регистрирана српска телевизија, односно телевизија „Алфа“.„Не можеме да сфатиме зошто се води ваква еднострана политика од страна на нашата земја. Северна Македонија мора да води принципиелна политика кон сите свои соседи ако сака да не го загрозува својот евро-атлантски пат“, се дополнува во соопштението од ВМРО-Народна.