Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер. Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска. Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за Украина, посочуваат изворите. Телевизијата не наведе дали има сознанија за тоа американскиот претседател да ја посети и Украина