Според Ковачев, денес постои македонски идентитет и Бугарија го признава. Но, според него, тој не е „многувековен и ова е очигледно за секој што ја познава историјата“, додаде европратеникот.
„Обидот на Христијан Мицкоски да го претстави извештајот на ЕП како „признание за македонската вечност“ е евтин политички трик. Неговата цел е да прикрие нешто друго – дека всушност се согласува со козметичкото вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот“, пишува Ковачев.Според него, ова не е доволно за да се започнат преговорите со Европската Унија.