Белградската берза денеска објави дека е променета сопственичката структура на Нафтената индустрија на Србија (НИС), при што рускиот Гаспром Нефт го префрли својот удел од околу пет отсто на Газпром, објавија српските медиуми. Документите објавени на Белградската берза покажуваат дека Гаспром Нефт го намалил сопственичкиот удел во НИС од 50 на околу 44,85 отсто. Во исто време, Гаспром го зголеми својот удел во НИС од 6,15 на 11,30 отсто.
Останатите сопственици на НИС се државата Србија со удел од 29,87 отсто, а останатите акции се во сопственост на граѓани, сегашни и поранешни вработени и други малцински акционери. Промената на сопственичката структура на НИС беше направена како дел од избегнувањето на санкциите што САД ги воведе на 10 јануари оваа година на компанијата поради уделот на Гаспром Нефт, со цел да се спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина. Санкциите наметнати на НИС треба да стапат на сила утре.