-Полицајците спроведуваат рации во 11 од 16-те сојузни покраини во Германија, како дел од големата операција против екстремистите, додаде портпаролот.Членовите на движењето не го прифаќаат легитимитетот на германската држава. Тие често одбиваат да плаќаат даноци и собираат нелегално оружје.Движењето е составено од помали групи со називи како „Конфедерација на германскиот Рајх“ или „Кралство Германија“.Германската разузнавачка агенција проценува дека движењето има околу 21.000 приврзаници, пренесува ДПА.